Screenshots
About S: Banka

Мобилното банкарство на Шпаркасе Банка АД Скопје е апликација наменета за паметен телефон и/или таблет која може да ја инсталирате од кое било место со пристап до интернет со што на лесен и едноставен начин ќе имате 24-часовен пристап до сите производи и услуги наменети за физички лица од Шпаркасе Банка.

Што Ви овозможува S-Banka апликацијата?

⁃ увид во состојбата на сите денарски и девизни сметки, кредитни картички, депозити и кредити
⁃ едноставен начин на плаќање режиски трошоци, интерни трансакции и трансфер на средства кон сите физички и правни лица
⁃ можност за плаќање од денарски трансакциски сметки каде корисникот на S-Banka е овластено лице и/ или законски застапник.
⁃ можност за менувачница (конверзија на средства од една во друга валута)
⁃ креирање на сопствени примероци за плаќања кои што најчесто ги реализирате
⁃ лоцирање на најблиските банкомати и експозитури
⁃ курсна листа и калкулатор за кредити и за депозити

Регистрација и активирање на S-Banka

За активирање на апликацијата за мобилно банкарство со привилегија плаќање потребно е да посетите некоја од најблиските експозитури на Шпаркасе Банка. По поднесеното барање за активација, ќе добиете кодови за активирање на апликацијата S-Banka, односно СМС порака со корисничко име и e-mail во кој ќе Ви биде доставена иницијална лозинка. По успешната активација потребно е да внесете нов ПИН за најава и да го потврдите истиот.

За подетални информации во врска со користењето на апликацијата, повикајте го менито „Помош“ или обратете се на e-mail адресата netbanking@sparkasse.mk, како и телефонски во Контакт центар на 02/15 050.

Additional Information
Version
1.0.14 (153.7 MB)
Updated
Apr 27, 2023
Age
4+ Years
First Released
Sep 16, 2016
Category
App Store ID
Available on
Write a review